Русија тестираше десет нови хиперсонични крстосувачки ракети Циркон од една фрегата и уште две од една подморница, соопшти руската северна флота.

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали оружјето како дел од новата генерација на системи за оружје кои се без конкуренција.

Путин го карактеризираше минатонеделниот ракетниот тест како голем настан во животот на земјата, додавајќи дека тоа е значаен чекор во зголемувањето на одбранбените способности на Русија.

Во 2018 година, Путин најави серија нови хиперсонични оружја, кои, како што тогаш изјави, може да погодат речиси секоја точка во светот и да го избегнат американскиот ракетен штит.