Извонредниот и наградуван баритон, Павле Камилоски ја заврши својата веќе успешна година со уште еден спектакуларен концерт.

На својот предновогодишен концерт во МНТ, Павле ги пееше безвременските песни на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бубле и останати, како и Божиќни песни кои ја пренесоа празничната еуфорија на присутната публика и не ја оставија рамнодушна. Полната сала на МНТ беше на нозе и со овации го испратија овој спектакл кој за прв пат се случуваше во Скопје.

Камилоски изведе и прекрасен дует со Александар Тарабунов, а на сцената му се придружија еминентни и искусни музички имиња од Македонија, заедно со балетски уметници.

„Come fly with me“ оддаде почит кон едни од најслушаните артисти преку лична, оригинална изведба на евергрините, како и со самата режија, сценографија и кореографија што покажа дека продуцентите нудат новитети со секој следен проект.

По успехот кој го постигна со своето ремек дело „Мала Италија патува“, Павле Камилоски, неодамна беше награден со меѓународно признание во Неапол, Италија – „Амбасадор на Италијанската музика за 2019 година“ во Источна Европа.