Рускиот претседател Владимир Путин задутре ќе испрати предупредување до Западот за „судниот ден“ за време на прославата на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, пишуваат светските медиуми.

Како што пренесува Ројтерс, се очекува Путин да одржи говор на Црвениот плоштад пред големата парада на војници, тенкови, ракети и интерконтинентални балистички ракети.

Суперсонични ловци ќе прелетуваат над Катедралата Св. Василиј, соопшти Министерството за одбрана, а ќе бидат покажани стратешки бомбардери ТУ-160.

Но, за прв пат, Путин пред светот ќе го прикаже командниот авион Ил-80 или „Судниот ден“, кој би го превезол руското раководство во случај на нуклеарна војна.

Во такво сценарио, Ил-80 е дизајниран да стане команден центар на рускиот претседател.

Се знае дека звионот е преполн со технологија, но повеќе детали остануваат руска државна тајна.