Пристигна првиот штрк во Македонија, објави Македонското еколошко друштво.

– Пристигна! Првиот штрк пристигна во Македонија! Марјан Иванов ни соопшти дека на 21 февруари пристигнал во Богородица и си го зафатил гнездото. Пишувајте ни за штрковите кои ќе ги видите, по можност сликајте ги и гнездата кои ги користат, пишува во објавата на Македонското еколошко друштво.

Штрковите, како и ластовичките, се предвесници на пролетта. Бројот на штрковите, како и во цела Европа, опаѓа и во Македонија.