Денеска е 1 октомври (по стар стил) и се слави Преподобен Јован Кукузел.

Словен од околината на Дебар. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец.

Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно.

На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.