Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Во Одлуката, што Кабинетот на Иванов денеска ја испрати до медиумите како писмо, се наведени причините поради кои претседателот нема да го потпише Указот. Во продолжение е интегралната содржина на писмото:

„Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам одговорно и своите права и должности ги вршам врз основа и во рамките на Уставот, законите и интересите на Република Македонија. Затоа, врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба

Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“. Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело“, наведува претседателот Иванов во писмото до Собранието на РМ.

Пратениците на 20 јуни со 69 гласови „за“, без против и воздржани го ратификуваа договорот со Грција што на 17 овој месец во Преспа го потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Според Уставот и собранискиот Деловник, во случај на вето од претседателот на државата, законот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно да добие зелено светло од најмалки 61 пратеник. Законот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.