Оставка од спикерот Талат Џафери денеска побара ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрално го објавуваме текстот од прес-конференцијата на портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски:

Погледнете го вистинското лице на власта и примитивизмот во практикувањето власта, недостојно за Собрание на Република Македонија!

Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското.

Почитувани, оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието?

Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино?

Објаснувањето од примитивецот од Форино дека „не знаел“ за вклучени микрофони, е само доказ за вистинското лице на власта и начинот на владеење – со насилство и понижување

Јасно е, кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен и на површина испливува суштината, на површина испливува простотилакот кој што е слика за севкупното практикување на власта на крими- коалицијата!

Сето ова е само причина за негова неотповиклива оставка!