Професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, објави лоша и добра вест за коронавирусот, за да не се дигаат тензии и повторно да се произведува страв кај граѓаните.

Тој во објавата на својот профил на Фејсбук објаснува дека бројките на новозаразени со Ковид-19 во наредните недели рапидно ќе се зголемуваат поради новите соеви на вирусот. Но, како што е веќе утврдено новите соеви се побезопасни и вирусот се прележува со полесни симптоми.

-Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, објави Беќаровски.