По грабежот на експозитурата на „НЛБ банка” кој се случи денеска, во 10.36 часот, во скопската населба Бутел, во близина на реката Серава, кај градските гробишта „Бутел”, полицијата пронашла една рамка од пиштол и запален автомобил марка „голф 5″, кои е можно да им припаѓаат на разбојниците.

Како што информираат од МВР, вооружени лица утрово извршиле грабеж во „НЛБ банка” на улица „Ферид Бајрам” во скопската населба Чаир, при што се одземени засега непозната сума на пари.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.