Денеска бев сведок на првата реформа на г-дин Азис Максутовиќ, новиот директор на Институт за медицина на труд во Чаир. Наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, неговата прва реформа е да се тргне уметничката слика на Гоце Делчев од ординацијата за пулмологија.

Ова на својот профил на Фејсбук го објави пулмологот и алерголог д-р Снежана Куч, која револтирано натаму во објавата додава:

– Неговата бурна и нестаблина реакција беше со образложение дека им пречела на пациентите во Чаир. Впрочем, таа слика е во Институтот повеќе од 50 години и е аманет од доктор Манасиев – еден од основоложниците на Институтот, на кој тој треба да му биде благодарен што е воопшто директор. До кога ќе се фокусираме на националистички теми, наместо на теми за подобрување на здравството?- прашува Куч.