Рускиот претседател Владимир Путин би можел наскоро да оди во изолација поради тоа што луѓето коишто биле во негова близина биле заразени од коронавирус.

Ова денеска тој самиот го изјави за медиумите и додаде дека лекарите ја проучуваат ситуацијата.

Можеби наскоро ќе треба да се изолирам, многу луѓе се болни. Лекарите ја проучуваат ситуацијата, бидејќи и во мојата средина има заболени со вирусот. Треба да разбереме што навистина се случува. Мислам дека и јас наскоро ќе бидам во карантин – рече Путин за време на разговорот со параолимпијците во Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, рече дека сè уште нема промени во врска со распоредот на Путин. Тој објасни дека рускиот претседател фигуративно зборувал за можноста за карантин поради ситуацијата со коронавирусот.