Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанок на воената команда во украинската област Херсон, која е делумно под контрола на Русија, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации од Кремљ.

Путин ги слушал извештаите на командантите на воздухопловните трупи и армиската група „Дњепар“, како и други високи офицери, се вели во соопштението.

Посетите на рускиот претседател на штабови во Херсон и во Луганската Народна Република не беа однапред подготвени, соопшти прес-службата на шефот на руската држава. За време на посетите Путин ги слушаше извештаите на воените команданти за ситуацијата во регионите Херсон, Запорожје и Луганск.

Тоа е прва посета на рускиот претседател на регионот Херсон и Луганската Народна Република. Неговата претходна посета на украинските региони под контрола на руските сили беше на 19 март во Мариупол. зш/