Рускиот претседател Владимир Путин денеска на традиционалната годишна прес-конференција изјави дека се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година.

Од тие причини Путин ги повика граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

– Колку што знам, 59,4 отсто од граѓаните во Русија се вакцинирани или прележано. Тоа не е доволно. Ни треба колективен имунитет од 80 проценти. Се надевам дека следната година ќе го достигнеме тоа ниво, истакна Путин.

Рускиот претседател рече дека борбата против коронавирусот продолжува и дека е свесен за опасноста од ширење на сојот Омикрон. Тој додаде дека руската економија се покажала поподготвена за шоковите и предизвиците што ги носи пандемијата на коронавирусот од другите држави.