Бугарскиот претседател Румен Радев го поздрави својот колега Стево Пендаровски по повод државниот празник на Македонија, 2 Август – Илинден, јавува „Трибуна“.

Претседателот Радев испрати денеска поздравно писмо и имаше телефонски разговор по повод националниот празник на Македонија, 2 Август – Илинден.

– Одбележувањето на Илинденско-преображенското востание во 1903 година зазема важно место во нашата општа историја и е само еден од примерите за богатото културно и историско наследство, што ги поврзува тесно нашите две држави и нивните граѓани, навел Радев.

Тој посочил дека општата историја на Македонија и Бугарија треба да се претвори во реален фактор за зближување меѓу двете земји и државниците од двете страни треба да го дадат својот придонес за тоа.

– Зајавените амбиции за заедничка иднина во обединета Европа треба да водат кон реална изградба и продлабочување на добрососедските односи во интерес на граѓаните, нешто што тие го очекуваат, подвлекува Радев, стои во соопштението на прес-службата на бугарскиот претседател.