Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со епска порака и епска фотографија од денешната прослава на Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

-„Нашата сила за иднината“ е мотото под кое годинава го чествуваме нашиот најголем празник, сплотени во традициите, идеите и културата. Притоа, сосеми свесни дека најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш, бидејќи таа припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа, порача Спасовски на Фејсбук.

Ако се има предвид „демократијата на прославата“ меѓу народот, полицијата и параполицијата на СДСМ, што се случуваше денеска на Мечкин Камен, што е надлежност на ресорот кој го води Спасовски, дилема е дали Спасовски е поголем како министер или како лиричар и епски поет.