Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека Македонија „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“.

– Скопје треба да си ја научи лекцијата за ЕУ. Гледам дека пак се враќаат на истиот пат пред преговарачката рамка, да лобираат кај членките на ЕУ, пред европските институции, со тоа да ги покријат недостигот на реформи, непочитувањата на човечките права и неподготвеноста за почеток на преговори. Тоа не е вистинскиот пат. Бугарија ќе продолжи да работи со сите институции во Брисел, со нашите европски партнери, со цел решенијата за РС Македонија да не се засноваат на лобирање, кое ги прикрива недостигот од реформи и непочитувањето на правата, истакна Радев во одговор на новинарско прашање.