Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од европските купови во машка и женска конкуренција.
Во женската Лига на шампионите, ќе се играат дуелите од осминафиналната фаза, а таму ќе бидат активни и македонски арбитри.
Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат дуелот меѓу Сторхамар од Норвешка и данскиот Оденсе што ќе се одигра во Хамар на 18 март од 18:00 часот.
Делегат на овој натпревар ќе биде Јанка Стасова од Словачка.Покрај Карбеска и Илиева, на европските терени ќе биде активен и Камер Металари, кој ќе биде делегат на четвртфиналниот натпревар од Европскиот куп кај мажите меѓу хрватскиот Сесвете и норвешкиот Нербо што ќе се игра на 19 март од 18:00 часот.