Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, ги нарече албанскиот премиер Еди Рама реакциите на македонската јавност на неговото шегобијство со премиерот Димитар Ковачевски.

– За ​​смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија! Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, твитна Рама на својот профил на Твитер.

Како што објавивме, Рама на средбата во Солун при преставувањето на Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц, влета во муабетот и додаде дека „тоа е идниот премиер на западна Бугарија“.