Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, по синоќешниот убедлив пораз од Ливерпул на гостински терен со 4:0, рече дека противникот има далеку поквалитетен состав.
– Примивме рано гол, ја промашивме првата шанса. Не одигравме добро во првото полувреме. Бевме нешто подобри во првите 25 минути од второто полувреме и вршевме притисок од време на време. Имавме 2-3 шанси, но третиот гол веќе не откажа. Тоа е разочарувачки, фрустрирачки, можеби дури и понижувачки. Мора да признаеме дека Ливерпул сега е шест години пред нас. Клубот се промени кога таму дојде Јирген Клоп. Не само тимот, туку и градот се издигна на ново ниво. Ова треба да ни се случи нас во следните преодни рокови, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед.
По 33 одиграни натпревари Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. место во поредокот во Премиер лигата со 54 освоени бодови.
Ливерпул е лидер со 76 бода од 32 натпревара пред Манчестер сити со 74 бода од 31 натпревар и Челзи со 62 од 30 одиграни средби.