Во МАНУ денеска се одржува втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-амандмани за измена на Уставот на Република Македонија.

На дебата ќе се обратат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Експертски осврт на дебата ќе дадат академик Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ, а академик Таки Фити ќе го отвори настанот и ќе ја модерира дискусијата.

Првата јавна расправа за уставните измени се одржа во средата во Владата, а втората вчера на Универзитетот ФОН.

Последните две јавни дебати се закажани за в понеделник во Штип и во Тетово.

По завршувањето на јавните расправи Владата ќе треба да достави Извештај до Собранието, а потоа собранискиот спикер Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.