Римскиот Лацио минатото лето ја отфрли понудата на Реал Мадрид за трансфер на српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ, објави италијанскиот „Скај спорт“.
Претседателот Лацио, Клаудио Лотито, рече дека не сакал да го пушти српскиот репрезентативец во друг клуб за да не го ослаби тимот на овој начин, иако добил понуда од 160 милиони евра.
„Скај спорт“ наведува дека највисоката понуда доаѓа од редовите на европските шампиони, но дека не е прифатена.
Јувентус, Интер, Милан, Манчестер Јунајтед, Челси, ПСЖ и Барселона беа заинтересирани за Сергеј, кој оваа година не успеа да ги повтори големите натпревари од лани.
Милинковиќ-Савиќ е три и пол години во Лацио, а претходно играше за Генк и Војводина.