Европскиот клупски шампион, Реал Мадрид има намера да поднесе жалба до УЕФА против Интер, соопшти „АС“.
Причината е повеќе од јасна – Лука Модриќ, кој е трансфер цел бр.1 на „неразурите“. Сагата околу хрватскиот репрезентативец е на пат да ги наруши инаку добрите односи меѓу двата клуба.
Триесет и две годишниот полудефанзивец побара да се пресели на „Џузепе Меаца“, по што Интер го примамил да преговара зад грбот на Реал. Токму овие дејствија го налутило раководството на „белите“ и тие ќе ги бараат своите права.
Трансфер прозорецот во Италија се затвора вечерва во 20:00 часот и дотогаш е последната шанса на Модриќ да премине во Интер.