Купувачите преку интернет вчера потрошиле 1,4 милијарди долари во првите две минути и пет секунди од годинашната распродажба, со што е соборен рекорд.

Познат и како Ден на самците, познат по распродажба и попусти, почна со фанфари со кои кинескиот трговски гигант Алибаба ја означи продажбата, пренесува Асошиејтед прес.

Денот на самците во Кина е неофицијален празник на лица без партнер, а како што се наведува, Алибаба го претворил во годишен празник на онлајн трговијата.

На големиот видео бим поставен во Шангај прикажано е дека е соборен рекорд, за само две минути и пет секунди, вкупната онлајн продажба достигна 1,4 милијарди долари.

Денот на самците го покренаа кинеските студенти во деведесеттите години од минатиот век, правејќи пандан на Денот на заљубените за млади самци.

На кинески овој ден се нарекува и дупла 11-ка, според броевите на денот и месецот, односно 11.11.