По вчерашниот најави преку својот ФБ профил дека од понеделник ќе има „џандар збира“, што во полициски жаргон значело најава за апсења, Јовче Ременски, началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија и сопруга на пратеничката Фросина Ременски, денеска го згаснал профилот. Но, снимките од вчера напишаното останале кај разни корисници, па тие сега ги споделуваат, сето тоа гарнирано со фотографија на брачниот пар со Боки 13. Еве што Ременски вчера објави: