Во Австралија живеат 111.352 граѓани со македонско потекло, според најновиот попис во оваа држава. Од нив 66.173 Македонци изјавиле дека покрај англискиот го зборуваат и македонскиот јазик и покрај фактот што многу од нив се трета генерација доселеници во Австралија.
Според информациите од Австралија, бројот на попишани кои зборуваат македонски е поголем во споредба со пописот пред пет години, а бројот на граѓани што се изјасниле како Македонци е зголемен од 97.000 на сегашните 111.352.
Најголем број од Македонците односно 49.429 живеат во сојузната држава Викторија, а најмалку или само 78 нашинци живеат во централна Австралија, односно Северната Територија.