Познатиот арентински фудбалски тренер Рикардо Ломбарди откри зошто го критикувал Лионел Меси.
Ломбарди смета дека Меси е главниот виновник за очајниот настап на Аргентина на Светското првенство во Русија. Меси ја „предаде“ репрезентацијата како би го наместил селекторот Хорхе Сампаоли затоа не му се допаѓа.
– Меси изеде седум тренери. Имам чувство дека Меси намерно игра лошо за Сампаоли да биде фрлен во оган… Тие треба да го избркаат. Меси не се грижи за ништо, тој игра против кажувањата на тренерот. Тој сака да биде опкружен со играчите кои му се допаѓаат, а не оние кои се најдобри, вели Ломбарди.