Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пренесува Канал 5.

Врз мајката вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво. Случајот за Канал 5 го потврдила директорката Викторија Јовановска.

Станувало збор за родилка на која и било 12-та бременост, и до сега имала шест абортуси и шест раѓања.

Родилката вчера била донесена на Гинекологија, и било направено „це-те-ге“, и било соопштено од лекарите да се врати за еден час на уште една проверка. Но родилката, наводно, веќе заминала дома. По два часа прокрвавела и се вратила во Клиниката по што била оперирана.