Во Романија од  почетокот на сезоната на грип починаа 158 лица, објави денеска Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести со Националниот институт за јавно здравје.

Последниот починат е 84-годишен маж од округот Клуж, на кој му е дијагностициран тип А вирус на грип, јави романската агенција Аџерпрес.

Починатите од грип главно имале здравствени компликации пред болеста или не биле вакцинирани.