Постојат многу романтични филмови со прекрасни љубовни приказни, но многу поубави од филмовите се вистински љубовни бајки.

Романтичните приказни што навистина се случиле, честопати се одлична инспирација и тие обично стигнуваат до јавноста сосема случајно. Еве кратко резиме на некои од нив.

 1. Боб Харви и Анет Аткинс

Боб за првпат ја запознал Анет во 1955 година и веднаш паднал на нејзиниот шарм.

“Не можев да го тргнам погледот од неа. Имаше убаво лице и убави очи”, изјави Харви.

Двајцата млади отишле заедно на матура, но по средното училиште изгубиле контакт. Наскоро се земале со други партнери, но Харви никогаш не ја заборавил Анет.

Така, во 2017 година, откако неговата сопруга починала, тој ја побарак Анет на социјалните мрежи и открил дека и таа станала вдовица. Тој и испратил разгледница со неговиот телефонски број и откако се слушнале кратко, Харви возел околу 800 милји да ја посети.

Само застанал да наполни гориво и да купи букет каранфили.

„И го подадов цвеќето, а потоа и го фатив лицето и и реков: Сакаш или не, јас ќе те бакнам’ “, се сеќава тој. Наскоро се венчале на вечера во стилот на 50-тите и танцувале исто како на матурата пред 63 години.

2. Лиз и Скот Шусмит

Повеќето списоци за планирање на венчавка вклучуваат избор на фустан, наоѓање место за венчавка и резервација на фотограф. Лиз се потруди да најде начин нејзиниот глув сопруг да ги „слушне“ зборовите на нејзината омилена песна додека одеше кон него пред олтарот.

Таа му ја превела песната на знаковниот јазик на глувите.

“Секој пат кога вежбав, ќе направев грешка или запирав. Но, кога застанав на почетокот од патеката и го сретнав погледот на Скот, ми се чинеше дека само ние сме во собата”, изјави среќната невеста.

3. Џесика Шер и Арон Лонг

Повеќе од десет години откако, благодарение на спермата на анонимен донатор, основала семејство, Џесика Шер го запозна биолошкиот татко на својата ќерка и се в љуби во него.

Имено, во 2016 година, ќерката на Џесика, Алис, ја замолила нејзината баба да и помогне во потрагата по нејзиниот биолошки татко. Кога резултатите од тестот се вратиле осум недели подоцна, било напишано дека Арон Лонг е нејзиниот татко.

Мајката и ќерката се поврзале со него и на крајот родителите на девојчето сакале да се сретнат.

„Кога се сретнавме, беше тешко да се негира привлечноста“, изјави Лонг.

Таа, сепак, имала доза на резерва.

„Не беше нешто во кое можев да влетам и само така да се замешам“, рече таа.

Двајцата сега живеат заедно во Сиетл, заедно со 22-годишната ќерка на Арон, Меди, која исто така ја добил со донирање на сперма.

4. К.Т Робинс и Џенин Пирсон

Ако има приказна што докажува дека вистинската љубов го поминува тестот на времето, тогаш тоа е нивна.

За време на Втората светска војна, во 1944 година, тогаш 24-годишниот К.Т Робинс се сретнал со 18-годишната Џенин, додека  бил стациониран во Франција. Следните три месеци тие се биле во врска, но потоа Робинс бил префрлен на Источниот фронт.

По војната, Робинс се вратил дома во Мемфис и се оженил со друга жена. И таа се вратила во Франција, се омажила и оттогаш нејзиното презиме било Пирсон. Но, во 2019 година, кога Робинс се вратил во Франција на 75-годишнината од Денот Д и разговарал со новинарите на Франс 2 за искуствата од Втората светска војна, новинарите му помогнале да ја пронајде неговата поранешна девојка. Двајца одамна изгубени млади, и двајцата веќе во 92. година, се нашле во дом за стари лица во Франција. каде таа живее денес.

„Отсекогаш те сакав, никогаш не можев да те извлечам од моето срце“, и рекол К.Т Робинс кога се сретнале. Тие морале да се разделат, но си ветиле дека ќе се видат повторно.