На официјалната страница на Манчестер Јунајтед соопшти дека Кристијано Роналдо се враќа во клубот.

-Манчестер Јунајтед со одушевување потврдува дека Кристијано Роналдо потпиша двегодишен договор со клубот со можност за негово понатамошно продолжување, стои во соопштението на клубот.

Кристијано Роналдо изјави дека Манчестер Јунајтед отсекогаш имал специјално место во неговото срце и дека е возбуден од сите пораки кои ги примил уште од најавувањето на трансферот во петокот.

-Едвај чекам повторно да заиграм на Олд Трафорд пред полн стадион и повторно да ги видам навивачите. По интернационалните натпревари му се приклучувам на тимот и се надевам на многу успешна сезона која претстои, вели Роналдо по повод враќањето во Јунајтед.

-Недостасуваат зборови за да се опише Роналдо. Тој не само што е неверојатен играч, туку е и добар човек. Да имаш желба да играш и да можеш да играш со тоа топ темпо толку долго време треба да си навистина посебен човек. Не се сомневам дека ќе продолжи да не изненадува. Неговото искуство ќе биде значајно за помладите играчи во екипата. Среќен сум што се врати дома, истакна тренерот Оле Гунер Солскјер.