Во текот на ноќта запрен е обид на украинските сили да го нападнат регионот Брјанск со четири дронови и сите непријателски беспилотни летала биле соборени од системи за противвоздушна одбрана на небото, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.

– Вечерва е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со четири дронови врз објекти на територијата на Руската Федерација. Сите украински беспилотни летала се уништени од дежурните системи за противвоздушна одбрана над територијата на Руската Федерација во областа Брјанск, се вели во соопштението.

Според руското Министерство за одбрана, нема жртви или материјална штета, а оперативните служби работат на лице место.