Земјотрес со јачина 5,5 степени по Рихтер го погоди регионот на Урал, соопшти денеска Европско-медитранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 133 километри од главниот град на областа Уфа на длабочина од десет километри.

Земјотресот не ги нарушил вообичаените активности, и нема податоци за евентуални штети.