Рускиот новинар на новинската агенција Риа Новости Ростислав Журавлев е убиен во украинското гранатирање на регионот Запорожје на југот на Украина, соопшти руската армија.

„Единиците на украинските вооружени сили извршија артилериски напад врз група новинари, четворица новинари беа тешко ранети“, соопшти руската армија.

Како што се додава, за време на евакуацијата, Ростислав Журавлев им подлегнал на повредите предизвикани од изложување на касетна бомба.

Здравствената состојба на другите тројца ранети новинари е „стабилна“ според руската армија, која навела дека тие брзо биле евакуирани во медицинските установи на руското Министерство за одбрана.

Според агенцијата Риа Новости, чиј новинар е Журавлев, гранатирањето се случило во близина на селото Пјатихатки, во јужниот регион Запорожје.

Регионалниот гувернер назначен од Москва, Евгениј Балицки, исто така преку Телеграм потврди дека новинарот е убиен и изрази длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите.