Руска делегација предводена од министерот за природни ресурси Александар Козлов е во посета на Северна Кореја, јавија денеска државните севернокорејски медиуми.

Руската делегацијата вчера пристигна во Пјонгјанг на разговори за соработка на полето на трговијата, економијата, науката и технологијата, објави Севернокорејската новинска агенција (КЦНА).

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен неодамна изјави дека врските меѓу Пјонгјанг и Москва се „растечки и опасни“, повикувајќи го Пекинг да влијае врз Северна Кореја. Додека Јужна Кореја го обвини Пјонгјанг дека и доставил повеќе од милион артилериски гранати на Москва за нејзината војна против Украина.

фото: МИА архива