Рускиот хуманоиден робот „Фјодор” првпат одлета во Вселената. Ракетата-носач Сојуз-2.1а полета од космодромот Бајконур, во Казахстан, во 6:38 часот по московско време.
Пред своето полетување, „Фјодор” извика: „Одиме! Одиме!“, повторувајќи ја познатата фраза на славниот руски астронаут Јуриј Гагарин.
За осум минути и 49 секунди, бродот излезе во земјината орбита и се упати кон Меѓународната вселенска станица. Така тој официјално може да се нарече и астронаут.
Претходно, тој „учеше“ и како да пука со пиштол.