Деветте нови аудио снимки со разговори поврзани со случајот „Peкет“ отворија нови дилеми, а особено внимение предизвика тврдењето дека во торбата има ГПС.

Обвинителката Вилма Русковска за Дојче Веле вели дека Камчев досега ниту еднаш не споменал таков податок.

-Не верувам дека имало ГПС. Сведокот досега не споменал такво нешто, ниту во записникот за примање на кривичната пријава, ниту во исказот даден во текот на истражната постапка, ниту пак во сведочењето на главната расправа – вели Русковска.

Обвинителката е убедена дека снимките не протекле од Основното јавно обвинителство за гонење организиран kpиминал.