Дарко Јаневски
Мислите дека вашиот президент Стево Пендаровски решава државнички работи? Откако ни ја среди историјата, а Заев политиката по што ќе удри ан економијата, ете, тој на неговиот сајт се пофали дека бил на гости во чифлигот на на Наташа Петровска, една велелепна интелектуална институција, значи бил во Битола, на нешто што се вика, внимавајте „Живи библиотеки“.
Е сега, тие „Живи библиотеи“ се одржувале во рамки на „Битола – отворен град“ (хмм, има ли затворен град – можеби Шкупи, Прилеп- градот познат по солфежите на албански, Тетова, сигурно Кратово на малиот и стариот Ѕинго…), а организатор бил МКЦ-Битола.
Така МКЦ Битола го направил градот ем отворен, ем „простор за промоција на урбана култура и интеркултурен дијалог“. Што отприлика значи значи дека има и неурбана култура и нешто друго што не е интеркултурен дијалог. Звучи импресивно, нели. Во споредба со охриѓани кои имаат само вода и скопјанчишча кои секое лето ги нервираат, или во спордба со скопјани кои, тоа веќе не е спорно, се сељачишта. Арно ама и несељачиштата и сељачиштата не разбираат каков дострел се тие „Живи библиотеки“ и ви се молам, „интеркултурен дијалог“. Децава би рекле: „Уау!“ И уште еднаш: „Уау!“ Како ова не им текна на овие со проектчињава во Шкупи? Не знам за битолчани, ама пијавициве лигави од „столицата“ од каде е и президентот, од ова сигурно би лапнале нешто од корумпираните странци кои не цивилизираат.
А, што е тоа „Живи библиотеки“? Тоа всушност било кога ќе се отиде во објект што го изградиле Турците, а го реновирал претходниот градоначалник, оној де што им донесе автобуси на децата за да одат на училиште, ќе ти извадат некоја столица и ти ќе седнеш карши-карши со некого и ќе правиш муабет. Богати, да го знаеаја ова Американците, не ќе трчаа на времето да стапнат пред Советите на Месечината, не ќе трчаа да бидат први во фармацијата, во медицината, во технологијата… Што ќе им таа глупост, кога можеш да ја избереш Наташа Петровска за градоначалник, да имаш МКЦ што ќе ти го прогласи градот за отворен и да го викнеш Стево Сидро. На сето тоа, доволни ти се уште две столчиња и ете ти цивилизација.
Битолскиот сајт апла.мк за ова известува (внимателно читајте, ве молам):
„Живи библиотеки“ е алатка преку која се креира простор за конструктивен личен дијалог помеѓу луѓето кои во нормални околности немаат прилика да зборуваат меѓусебе. „Живи библиотеки“ е алатка за еднаквост што служи за намалување на предрасудите и дискриминацијата, но оваа алатка има и поширок спектар на примена како алатка за намалување на младинската невработеност, за поттикнување активно учество во борбата за општествени промени, алатка за поттикнување соработка и вмрежување и др.“
Прочитавте? Значи едно големо ништо, нула, не нула туку дебел минус, како оној во Јакутск во јануари од минус 50 степени, значи големо ништо кое, ви се молам, ја намалувало младинската невработеност и предрасудите и дискриминацијата. Ви личи ова на одговорот на оние мисици кои на прашањето што најмногу сакаат, секогаш одговараат: „Мир во светот“?.
Со тоа што и тие три збора ги читаат на идиот, што секоја мисица ја прави перфектен кандидат за специјален или обичен обвинител во Северна кој оди на интервју на МТВ или пак зошто да не, за премиер, министер или градоначалник во Северна.
И така, и Стево наш отишол во Битола, кој знае кај му е битолската легенда од градоначалник Наташа и правел „конструктивен личен дијалог со луѓе кои во нормални немаат прилика да зборуваат меѓу себе“. Алал вера.
Е, да, од бисерите кои ги пренесува Апла.мк го издвојуваме и следното: „Живите библиотеки… функционираат како секоја библиотека, посетителите го разгледуваат каталогот со наслови и позајмуваат книга за одредено време. По читањето ја враќаат книгата во библиотеката и ако сакаат можат да позајмат друга книга.“
Значи во библиотека позајмуваш книга и ја враќаш, а овде позајмуваш човек-книга, го читаш интеркултурно и го враќаш. Е, ова дури ни шарените скопјанчишча врзани за странска цицка не го можат. Всушност, го можат, да не грешиме душа, ама е еднакво глупаво, нели? Блаже Коневски би рекол „и зошто ми иде да плачам ко дете“, а мене пак, на памет ми паѓаат ликови како белгискиот мачкар, Катица, кученцата новинарски на Заев, Боки 13, оние бизнисмени тапанари што си правеле муабетче со убавицата…
И така, Стево наш си ја поминал измината сабота. Подобро да ја преспиел. Патем, колку чинело ова изнесување столици? На Стево бензинот до Битола за оваа глупост е бесплатен? Користењето на објектот? И имаше сендвичи за присутната интелектуала? Или сите се потрошија за парадата во Скопје?