Во Берлин, 74 годишниот екс германски канцелар Герхард Шредер и 47 годишната Корејка, Ким Со-јон, го кажаа судбоносното „да“, извести „Билд“.

Заради Корејката, Шредер ја напушти својата четврта сопруга Дорис, која пак ја објави нивната разделба преку фејсбук порано оваа година.

На „скромната“ прослава во луксузниот хотел „Адлон“ биле поканети околу 150 лица. Највисок гостин бил германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер кој дошол со сопругата Елке Буденбендер.

Во август беше соопштено дека на свадбата ќе присуствува и Путин. Како што соопштува „Билд“ Путин не дојде, но Русите биле претставени преку шефот на Газпром, Алексеј Милер и Матијас Варнинг, одговорен за проектот „Северен поток 3“.

Гост на свадбата бил и вокалистот на Скорпионс, Клаус Мајне со сопругата Габи, еврокомесарот Гинтер Јотингер со сопругата Фридерике, бизнисмени и сопартијци на екс канцеларот.

Инаку, Шредер, кој сега е во раководните тела на Газпром, е првиот германски канцелар по Хителр кој упатил германска војска надвор од границите на неговата земја. Станува збор за бомбардирањето на СРЈ во 1999 година. Потегот Шредер гно оправда со зборовите дека „на геноцидот во Југославија не може да се одговори на мирен начин и Германија мора да застане зад етничките Албанци, жртви на протерување, силувања и убивања“.

Што се однесува до Македоија, Шредер своевремено го прими тогашниот премиер на РМ, Хари Костов. При средбата тој истакнал дека суверено право на секоја земја е да си го избере своето име.