Стејт департментот ги предупреди Американците да ја напуштат Русија веднаш, повикувајќи се на новиот закон на земјата со што се криминализира ширењето на лажни информации за војната во Украина, јавија американски медиуми.

Амбасадата во Москва дополнително ги предупреди американските граѓани, да избегнуваат големи собири на јавни места.

Руските власти го блокираа пристапот до платформите на социјалните медиуми, а ограничени се и странските вести.