Во следните денови се очекува Владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон, пишува Антонио Милошоски на ФБ.

Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размена на строго доверливи информации на највисоко државно ниво?, истакнува Милошоски.

Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата“, вели Милошоски.

Инаку, како што јави македонскиот портал МКД.мк, истакнувајќи дека е брифиран од високи домашни дипломатски извори, Љубомир Фрчкоски нема да биде амбасадор во САД!

MKD.mk информира дека нивните извори не откриваат детали зошто Фрчкоски е неприфатлив за Соединетите Американски Држави – дали на тоа влијаеле неговите поранешни политички ангажмани или е нешто друго во прашање, з аразлика од Милошоски кој го истакнува прашањето за добивање безбедносен сертификат.

Инаку, Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски