Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд синоќа го одобри првиот трансфер на конфискуваните руски средства кои ќе бидат искористени за помош на Украина.
– Иако ова е прв трансфер на запленети руски средства за реконструкција во Украина, тој нема да биде последен, рече Гарланд.
Минатата година американското Министерство за правда го обвини рускиот олигарх Константин Малофеев за кршење на санкциите воведени кон Русија по нејзината инвазија на Украина. Според извештаите, Малофеев финансирал Руси кои промовираат сепаратистички сили на Крим.
Гарланд тогаш најави заплена на милиони долари од сметката на рускиот олигарх.
Во февруари оваа година, американскиот јавен обвинител одобри тие пари да се користат за помош на Украина.