Во Тексас ќе биде укината одлуката за задолжително носење маски, а сите компании ќе започнат со работа со полн капацитет од следната недела, соопшти гувернерот на оваа американска држава, Грег Абот.

– Време е 100 проценти да го отвориме Тексас, рече републиканскиот гувернер на Тексас.

Тексас е најголемата американска држава што ја укинува одлуката за задолжително носење маски, а Абот, како што потсетува Си-Ен-Ен, се соочи со критики од неговата партија поради изречената мерка во јули минатата година.

Во Тексас од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 починаа повеќе од 42.000 луѓе.