Американскиот претседател Доналд Трамп, в понеделник во Мајами, ќе одржи говор за поддршка на опозицискиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо, со кој ќе предупреди за „опасностите од социјализмот”.

Белата куќа соопшти дека Трамп на Меѓународниот универзитет на Флорида ќе зборува против претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговите социјалистички политики.

Специјалниот американски претставник за Венецуела Елиот Ејбрамс изјави дека властите на САД организирале складирање на резерви на храна во објекти на границата на Колумбија со Венецуела и дека бараат начини да испратат помош во таа земја.