Претседателот на САД, Донал Трамп планира да потпише компромисна мерка за сигурноста на границата и во исто време да прогласи вонредна состојба за да го осигура финансирањето на ѕидот на границата со Мексико, изјави лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич МекКонел.

– Тој рече дека е подготвен да потпише. Исто така истовремено ќе прогласи вонредна состојба, изјави МекКонел.

Оваа информација ја потврди и портпаролкатан а Белата куќа, Сара Сандерс, пренесува Си Ен Ен.

Претседателот ќе потпише спогодба со која ќе се овозможи барем делумно продолжување на работата на федералната влада, напиша Сандерс. Таа додаде дека ќе преземе и други мерки, вклучувајќи и прогласување вонредна состојба за да ја „осигура националната сигурност и да ја запре хуманитарната криза на границата“.