Американскиот сенат го потврди изборот на Вилијам Бар за нов државен обвинител на САД, јавија американските медиуми.

Тој на оваа функција ќе го замени Метју Витакер, кого во ноември лани го назначи претседателот Доналд Трамп.

Бар сега ќе мора да именува свој заменик и да се позанимава со истрагата за наводното мешање на Русија во претседателските избори на САД во 2016 година.

Новиот државен обвинител претходно ја критикуваше истрагата која ја водеше специјалниот обвинител Роберт Милер, бидејќи во текот на истрагата, како што тој тврди, биле направени „фатални грешки“, пишува Спутник.

Русија во повеќе наврати негираше била каква поврзаност со изборите во САД.