САД најавија нова, седумнаесетта транша по ред за воена помош на Украина во висина од 550 милиони долари за украинската самоодбрана, што се доделува уште од август 2021 година.

Помошта е дел од разервите на американското Министертво за одбрана, јавија синоќа од Стејт департментот.

-По надлежност дадена од претседателот Џо Бајден, во денешната објава за помош вклучуваме повеќе муниција за мобилниот артилериски ракетен систем (ХИМАРС) и за 155 мм артилериски системи, толку многу ефективно употребувани од украинските сили на бојните полиња за одбрана на нивната земја, изјави синоќа државниот секретар Ентони Блинкен

Од Стејт департменот потсетија дека со оваа транша, вкупната воена помош на САД за Украина од почетокот на Администрацијата на Бајден изнесува околу 8.7 милијарди долари.

-Повеќе од пет месеци брутален и непровоцинаран напад на Русија врз народот на Украина го инспирира светот кој гледа како тие ја бранат својата земја и нивната слобода. САД стојат со сојузницте и партнерите од повеќе од 50 земји за обезбедување безбедносна помош за поддршка за Украина во нејзината одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет, се вели во соопштението.