Mинистерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини упати протест до водечкиот италијански католички неделник Famiglia Cristiana откако го споредија со сатана на насловната страница поради неговиот бескомпромисен став за имиграцијата.

„Излегувај Салвини“, напиша влијателниот магазин на насловната страница во очигледна алузија на средновековната католичка формула за егзорцизам на личност опседната од ѓаволот – „излегувај сатано“.

– Ништо лично, ниту идеолошки. Тоа е само евангелие, објави весникот кој цитираше бројни италијански бискупи длабоко критични кон Салвини и неговиоте потези да блокира доаѓање мигранти во италијански пристаништа.

– Тие ме споредуваат со сатаната. Јас тоа не го одобрувам, изјави Салвини кој е лидер на екстремно-десничарската Лига и заменик премиер во новата влада.