Македонија како никогаш досега има причини за славење, се остваруваат стратешките интереси поставени уште на 8 септемеври 1991 година за целосна во ЕУ и НАТО, соопшти денеска СДСМ.

– Обезбедена е покана за влез во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ, трајно се заштитени македонскиот идентитет, македонската посебност и никој веќе нема да може да ги негира или оспорува. Иднината на Македонија и нејзините граѓани е поважна од сите меѓупартиски полемики. Затоа, цела Македонија се обедини околу македонската иднина и се приклучи во процесот што води во ЕУ и НАТО. Јасна и недвосмислена е поддршката од целиот демократски свет кој подава рака Македонија да стане членка на двата најголеми и најзначајни сојузи, Европската Унија и НАТО, се вели во соопштението.

Силната и директна поддрша од ЕУ и НАТО, се додава натаму, мора да се искористи.

– Референдумот на 30 септември е со подеднаква историска важност како и реферндумот за независноста од 8 септември 1991 година. Тому затоа, сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност, да застанат зад интеграцијата и напредокот и да го повикаат своето членство да излезе на референдум и да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружи ЗА европска Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.