Учебната година со физичко присуство се одвива успешно и без проблеми.

Ова се истакнува во денешното соопштение од СДСМ кое го објавуваме во целост:

По една и пол година учење на далечина, над 187.000 основни и 70.000 средношколци со почитување на сите здравствени протоколи, денес се во своите клупи целосно вклучени во образовниот процес.

Нема подобра алтернатива од настава со физичко присуство и затоа е потребно сите доследно да се придржуваат до мерките за заштита со цел да се одржи континуитет на наставата со физичко присуство.

Оваа учебна година е особено важна и поради реформите кои се спроведуваат а кои имаат за цел унапредување на наставниот процес.

Од оваа година имаме нова Концепција за основно образование, нови наставни програми и современи материјали за учење, печатени учебници за прво и дигитални за четврто одделение.

За првпат се изработени и учебници и на Брајово писмо и во аудио формат за ученици со проблеми со видот и тие учебници се навремено во училиштата.

Промени има и во начинот на реализација на часовите. Реформите обезбедија добро опремени училишта со нагледни средства, со интерактивни табли и таблет компјутери за учениците од социјално ранливите семејства.

За СДСМ и Владата што ја предводи, образованието е еден од врвните приоритети. За четири години изградени и реконструирани се 80 училишта, платите во основното и средното образование ги зголемивме за над 21 отсто, а со Колективниот договор, платите во високото образование ги зголемивме за 10 отсто.

Преку одговорен пристап продолжуваме да инвестираме во образованието, да инвестираме во иднината на нашата држава.

Центар за односи со јавноста на СДСМ