Мицкоски денеска објави нов рок: реконструкцијата на Владата ќе биде готова до 1 јули. Ова е уште еден во низата рокови Мицкоски ги поставува. Пред само неколку недели, Мицкоски тврдеше дека до 1 јуни ќе бидат исполнети клучните реформи – се вели во соопштението на СДСМ кое МИА го објавува интегрално.
Тој рок помина. Немаше реформи. Немаше одговорност. Немаше ниту објаснување зошто рокот не е исполнет.
Сега, наместо да одговара за неисполнетите реформи, Мицкоски нè префрла на нов рок – 1 јули за реконструкција на Владата. Како да е тоа најважното прашање во моментов.
Реконструкцијата е само шминика. Таа не ги решава проблемите на граѓаните. Таа не ги зголемува платите, не ги намалува цените, не ги враќа младите и не ја отвора вратата кон Европа.
Тоа е само преуредување на фотелји во рамките на истата неуспешна политика и истата организирана криминална група.
Прашањето е: Кој ќе одговара што реформите до 1 јуни не беа исполнети? Кој ќе сноси одговорност за тоа што Македонија и понатаму стои блокирана на европскиот пат?
Мицкоски веќе две години функционира на принципот „од 1-ви до 1-ви“.
Секогаш има нов рок за нешто ново, а никогаш нема исполнување за нешто, нема резултати – само лажни ветувања!
Секогаш има нова шминика, а никогаш вистински резултати.
Граѓаните повеќе не веруваат во роковите на Мицкоски. Тие сакаат резултати. А резултати нема, ниту ќе има со Мицкоски и оваа криминална група – тендер коалиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ




